Мизрахи ќе побара поголеми надлежности за Анкетната комисија за скандалот на Онкологија
Анкетната комисија формирана за обелоденување на вистината за скандалот со онкологија со која претседава Рашела Мизрахи би можела да продолжи со својата работа во наредниот период со проширени надлежности, најави денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.
Рече дека ќе побара продолжување на рокот за работа на оваа комисија и да се прошири опфатот на периодот на кој се однесува нејзината работа. На денешниот последен ден за сослушување на сведоци и експерти, како сведоци вторпат се викнати поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, државниот обвинител Љубомир Јовески, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Стево Крстевски- Ќе има барање до Пленумот за проширување на надлежностите и работата на анкетната комисија, наведе Мизрахи, која дополни дека во наредните 30 дена ќе се организираат доказите.
Едно од досегашните сознанијата, според Мизрахи, се дека лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите.
- Лековите за болните на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака за пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколи. За тоа Клиниката фактурирала како таа да ги аплицирала лековите, а чија судбина и начин на употреба понатаму не е позната
Ова е грозоморен скандал каде се прави заработка од тешка болест на многу луѓе . Ова значи дека „дивото месо“ е длабоко вкоренето во здравствениот систем
Злоупотребата на скапата терапија траела и во текот на 2023 што предизвикало екстремен трошок за здравство, штета за буџетот и на штета на пациентите кои или не добивале терапија, или ненавреме ја добивале, дополни Мизрахи.
