Мизрахи: Ќе платам казна, не застанувам пред Северна
Подготвена е да плати и казна од 5.000 евра, ама Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи вели дека нема да држи прес конференции со табла на која пишува Република Северна Макеоднија. Таа денеска повторно застана пред табла со старото уставно име и рече дека во Министерството не нашла банер на кој стои друго име. Вели и дека не стравува и дека нема намера да става друга табла.
„Јас не сум Мила Царовска. Јас сум Мизрахи. Тука никогаш не најдов банер со Северна Македонија. Ова е единствената табла на Министерството за труд и социјална политика и тука ќе се држат сите прес-конференции“, рече Мизрахи.
Слично
