МИЗРАХИ ЈА „ПРОКОЦКА“ ВТОРАТА ШАНСА: Спасовски испрати предлог во Собрание да ја разрешат
Иако првично Владата реши да и се даде уште една шанса на министерката во преодната влада Мизрахи која дојде на местото на Мила Царовска, сепак, по непочитувањето на Законите и Уставот , премиерот Спасовски сепак реши да нара нејзино разрешување од функцијата.
Тој до Собранието го испратил предлогот за смена на Рашела Мизрахи која во последните неколку дена и водеше инает на владата со таблата со старото име на државата, но и праќаше директни провокации кон соседна Грција од каде дојде и вербална нота за непочитување на Преспанскиот договор.
Мизрахи вчера ја вжешти ситуацијата кога кажа дека ќе плати казна ама табла со името Северна Македонија нема да постави во министерството на чие чело е како дел од техничката влада.
Во образложението од Владата, се потенцира дека министерката свесно и намерно го крши Уставот при што ја загрозува евроатланската иднина на земјата, затоа премиерот кој има обврска да обезбеди заштита на уставот на државата, предлага таа да се разреши од функцијата министерка за труд и социјална политика.
Претходно, разрешување и реакција побара и шефот на дипломатијата Никола Димитров, а Коѕијас пак најави дека владата на Нова демократија ќе бара на Мизрахи да и се забрани влез во земјите на Европската унија.
