Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЗРАХИ И ЗАЕВ ВО КОСТЕЦ ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО: Ќе се откажете и од Гоце Делчев?

МИЗРАХИ И ЗАЕВ ВО КОСТЕЦ ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО: Ќе се откажете и од Гоце Делчев?

Рашела Мизрахи, пратеничката од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска од во Собранието ги потсети пратениците на претходните изјави на мандатарот Зоран Заев, за кои како што рече, се колнел во неговите деца дека нема да побара промена на Уставот, за промена на уставното име, по што од говорницата лично го праша.

-И сега дали ќе се откажете од јазикот или од Гоце Делчев, како што се откажавте од името за кое се колневте во своите деца.

На ова, тој одговори:

-Ова време на лажни патриоти заврши. Со овие избори е направен пресек. Трубевте со сите можни труби насекаде лажни тези за кои народот на изборите ви потврди дека не ви верува воопшто. Денеска и пермиерите и лидерите на Грција зборуваат за Северна Македонија во која што живеат Македонци што зборуваат македонски јазик, реплицираше Заев.

Инаку, на денешната седница која ќе трае до 19.30 минути се расправа за изборот на новиот владин кабинет и новата четиригодишна програма на Владата.


Слично

Поврзани вести