Митревски вели дека Мицкоски треба да се извини на граѓаните и да преземе одговорност
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, попладнево изјави дека по подолг период претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски конечно кажал една вистина – дека постојното парламентарно мнозинство ќе се зголемува.
„Тој ја излажа јавноста дека има ново мнозинство од 61 пратеник и сега да не бара алиби за неуспехот во други. Само за да дојде на власт седна на иста маса со анти-ЕУ и анти-НАТО структури, без никакви принципи, никаква политичка понуда“, порача Митревски.
Вели дека Мицкоски треба да излезе, да им се извини на граѓаните и да преземе одговорност. Смета дека опозицијата му се заканувала на пратеникот Кастриот Реџепи кој денес не се појави на седница.
Слично
