Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митрески: За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори

Митрески: За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори

Координаторот на СДСМ, Јован Митрески изјави дека блокадите не се во духот на добрососедството. 

Додаде дека за идентитетот не се разговара, а европската иднина нема алтернатива. 

„За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори. Ако сепак се случи да има блокада од Бугарија ние ќе продолжуваме со реформите, исто така ќе продолжиме да разговараме и бараме решение со силата на аргументите. Нашиот пат е европскиот пат и нашата иднина е во ЕУ. Нема други алтернативи, ние ќе продолжиме да работиме во таа насока постојано“, изјави Митрески.

Срамна и целосно погрешна е блокадата која денеска ја добива македонската држава од Бугарија, реагираше денеска екс министерот Горан Сугарески на Фејсбук. 

Клучно е Северна Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ,  вели европратеничката од Словенија, Тања Фајон за МИА. 

Додаде дека одложувањето на преговорите е на штета на македонските граѓани. 

Бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева потврди дека ќе дадат зелено светло за Албанија, но не е и за Македонија. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести