Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митрески: Прифатени амандмани на опозицијата во висина од 350 милиони денари

Митрески: Прифатени амандмани на опозицијата во висина од 350 милиони денари

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, пред почетокот на пленатната седница во Собранието на која се очекува да се дискутира за прелдог-буџетот за 2022 вели дека досега се прифатени амандмани на опозицијата кои значат прераспределба на 350 милиони денари.

- Она што е специфика е тоа што во овој буџет беа прифатени амандмани во висина од 350 милиони денари, што е историско највисоко ниво, неспоредено со претходните години. Овој износ на прифатени амандмани е колку сите заедно во последните 15 години. Да не зборувам кога ние бевме опозиција и се прифаќаа измени од само 2,3 или 5 милиони денари, рече Митрески.

Тој додаде дека во минатите години имало случаи кога на комисиските расправи имало и до илјада амандмани за предлог-буџетот, а оваа година се најмали и бројката изнесува 220, од кои 197 на опозицијата.

Слично

Поврзани вести