Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИТОВСКИ СЕ НАЛУТИ ЗОШТО НЕ БИЛ ПОКАНЕТ НА ПУШТАЊЕТО НА ОБИКОЛНИЦАТА ВО КРИВА ПАЛАНКА: „Со туѓ труд и со туѓи перја навистина и лесно се фотографира“

МИТОВСКИ СЕ НАЛУТИ ЗОШТО НЕ БИЛ ПОКАНЕТ НА ПУШТАЊЕТО НА ОБИКОЛНИЦАТА ВО КРИВА ПАЛАНКА: „Со туѓ труд и со туѓи перја навистина и лесно се фотографира“

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски, реагираше на социјалните мрежи по повод пуштањето во употреба на  патот што минува низ општината, посочувајќи дека не бил поканет на настанот од страна на Владата.

Во објавата, Митовски наведува дека изоставувањето на првиот човек на општината не може да се смета за протоколарна грешка, туку, како што посочува, прашање на принцип и политичка зрелост. Според него, кога во прв план се става партиското раководство, а институциите се оставаат во втор план, пораката е јасна.

Градоначалникот додава дека станува збор за проект чија подготовка, проектирање и финансиско обезбедување, како што наведува, биле реализирани во време на СДСМ и дека е вклучен во програмите за државни патишта. Во објавата тој оценува дека граѓаните прават разлика меѓу развој и маркетинг и дека очекуваат работа, резултати и меѓусебна почит.

Засега нема официјален одговор од организаторите на настанот во врска со наводите на Митовски.





Слично

Поврзани вести