МИТОВСКИ: Огнот се обиде да ја „проголта“ Крива Паланка, но не успеа
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски вели дека Крива Паланка имаше тежок ден. Рече дека огнот се обиде да го „проголта“ градот, но не успеа.
„Опасна огнена стихија се закани на градот, хероите ја спасија! Со срце поголемо од пламенот, стоеја на првата линија. Тежок ден за Крива Паланка, но ден на храброст и човечност“, порача тој во својата Фејсбук објава.
„Ви благодарам на сите што се боревте – вие сте нашата сила, гордост и надеж! Хероите постојат – и денес ги видовме во дело“, сподели Митовски.
Во околината на градот маж е најден близу местото на пожарот.
Слично
