Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митко Јанчев вети изградба на адреналински парк и реконструкција на градскиот базен

Митко Јанчев вети изградба на адреналински парк и реконструкција на градскиот базен

Kандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев вети изградба на адреналински парк, формирање на спортско катче, и туристички воз како атракција за најмладите. 

Тој зборуваше за четири проекти од изборната програма, за подобар живот на кавадарчани. Јанчев меѓу другото, зборуваше и за целосна реконструкција на градскиот базен.

„Во соработка со основните и средните училишта, учениците ќе можат бесплатно да ги користат содржините на градскиот базен“, вели Јанчев. 

Тој најави и проект за мини голф терени. Јанчев имаше средба со дел од уметниците во градот. Додава дека во изборната програма има голем број на проекти за развој на културата во Кавадарци.

Слично

Поврзани вести