Митко Јанчев се сретна со стоматолози, велосипедисти, ракометари
Актуелниот градоначалник на Кавадарци и кандидат за втор мандат Митко Јанчев, заедно со носителот на листата за советници д-р Стојанче Рамов денеска имаше средба со дел од стоматолозите во градот.

Јанчев ги пречека и велосипедистите кои возеа за Тоше.
– Нашите велосипедисти пристигнаа во Кавадарци. Оваа година по четврти пат се возеше со велосипеди акцијата „Од срце за Тоше“, посветена на ликот и делото на еден од најголемите Македонци во нашата понова историја. Ги пречекавме по извозени над 900 километри со велосипеди. Секоја чест момци!
Ви посакуваме наредната година уште поголеми успеси – им посака градоначалникот.
Вчера Јанчев се сретна со ракометарите на ГРК Тиквеш, на кои им порача дека и во наредниот мандат ќе продолжи со максимална поддршка за ракометот во Кавадарци.
Слично
