Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев повторно пријавил закани од страна на сограѓанин, откако пред самиот крај на минатата година едно лице веќе беше уапсено.

– Вчера во 14:05 часот во ОВР – Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години – градоначалник на општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и на телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот, објави СВР – Велес. 

Кавадарчанецот С.М. (29) претходно беше лишен од слобода и доби кривична пријава откако преку социјалните мрежи му се заканувал на градоначалникот Јанчев и неговата фамилија. 

Градоначалникот на Кавадарци денеска потврди за МИА дека тој и неговата фамилија биле мета на закани.

Лани во мај беше лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот во угостителски објект.

Медиумите тогаш објавија дека лицето П.Н.(35) бил под дејство на алкохол, а Јанчев го пријавил случајот во полиција.

Пред две и пол години кавадарчанецот З.Б.доби осум месеци затвор откако му се заканил на Јанчев дека „нема да умре од старост“. Лицето било познато по повеќе кривични дела.

Слично

Поврзани вести