Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митко Јанчев потврди дека синот му е на лекување на Клиника

Митко Јанчев потврди дека синот му е на лекување на Клиника

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци, за „Фокус“  денес потврди дека неговиот 14-годишен син доживеал сообраќајна несреќа и во моментов е на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Синот на бизнисменот заедно со уште еден свој другар биле повредени во сообраќајна несреќа во Кавадарци возејќи го својот мотоцикл.

-Извршени се потребните интервенции, децата се во добра состојба, се ќе биде во ред. Се уште се наоѓаат во Скопје, на клиника – кратко изјави тој за ,,Фокус”.

Несреќата се случила триесетина минути по полноќ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Гоце Делчев“ во Кавадарци. Дошло до судир меѓу автомобил „фолксваген пасат“, управувано од Н.А. (36) од Кавадарци, и мопед „априлија“, управуван од петнаесетгодишно момче и сопатник – негов врсник. 

Полицијата не ги објавува иницијалите на двајцата другари бидејќи станува збор за малолетни лица.

Слично

Поврзани вести