Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mитко Јанчев: Поради непроодност граѓаните да не сообраќаат кон Раец, Фариш и кон Прилеп

Mитко Јанчев: Поради непроодност граѓаните да не сообраќаат кон Раец, Фариш и кон Прилеп

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вели дека поради излевање на речното корито предизвикано од невремето кое го зафати Кавадарци, граѓаните треба да бидат внимателни и да не сообраќаат поради непроодност на патот кон селата Раец, Фариш и кон Прилеп, односно кај мотел Дреново.

„На терен на повеќе локации интервенираат служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец. Граѓаните кои имаат било каков проблем да се јават во Кол Центарот на Општина Кавадарци на бројот 13 300“, пишува Јанчев на социјалните мрежи. 


Има и предупредување, жителите на кумановското село Пчиња да избегнуваат да се движат по мостот, поради слабата конструкција, но и поради надојдената вода. 

Слично

Поврзани вести