Митко Јанчев појасни како би можел да ја води ВМРО-ДПМНЕ
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вечерва во интервју на телевизија Канал 5 рече дека неговата изјава дека може да ја води ВМРО-ДПМНЕ била провокативна.
„Тоа го кажав во контекст дека доколку на следниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, успеам да екипирам квалитетен тим, да направам квалитетна програма, ако имам можност Статутот на партијата да го направам подемокртски и полиберален, да би бил потенцијален кандидат“, вели Јанчев.
За состојбите во партијата ВМРО-ДПМНЕ, вели дека не е сјајно.
„Мое лично мислење е дека во ВМРО-ДПМНЕ не постои човек кој би направил пуч. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ или јас тоа би го побарале на транспарнтен и отворен начин од Мицкоски. Има потенцијали за смена, кои можат да понудат своја програма, но нема човек што тоа би го направил позади грб. Јас мислам дека Мицкоски треба да одговори на писмото на Мијалков. Јас да сум лидер, би одговорил на сите прашања од писмото“, рече Јанчев.
Смета дека во ВМРО-ДПМНЕ има потенцијали за смена на лидерот Христијан Мицкоски, но никој тоа не би го направил задкулисно.
