Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев,добил вербални закани додека бил во угостителски објект, по што лицето било лишено од слобода.
Како што објави МВР, уапсен е кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот. оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА. Заканите биле упатени во угостителски објект.
– Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, е официјалната информација од СВР Велес.
Слично
