Митко Јанчев откако се смири со Мицкоски: Партиските функции не ми се престиж
Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци, кој пред локалните избори ја доби поддршката од неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ да се трка за втор мандат, вели дека како една од околностите што се смириле со претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, е и тоа што не му е жал за загубената функција.
Јанчев беше еден од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ но беше тргнат од оваа партиска функција по промената на името со двотретинско мнозинство во Собранието.
„Точно е дека секоја функција е престиж, но мене не ме води желбата за функција, туку желбата за успех и јас во овој дел немам на никому што да простам, меѓутоа желбата за успех на Општина Кавадарци е пред се. Партиските функции и другите функции воопшто не ми се престиж и тоа мене не ми значи, рече Јанчев во емисијата „Жепко политичко лето“ на Канал 5.
Тој рече дека заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе го работат најдоброто за граѓаните, а соработката со централната власт, според него, била на добро ниво. Нагласи и дека не е задоволен од досегашната работа на градоначалниците од СДСМ.
