Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митко Јанчев не верува дека Наќе Чулев ќе му биде противкандидат, очекува ВМРО-ДПМНЕ да застане зад него

Митко Јанчев не верува дека Наќе Чулев ќе му биде противкандидат, очекува ВМРО-ДПМНЕ да застане зад него

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци, иако е исклучен од органите на ВМРО-ДПМЕН, тврди дека повторно ќе добие поддршка од најголемата опозициска партија на следните локални избори наесен. Во Студио 10 на ТВ24 тој вели дека не очекува конкурент, како што кружат гласините, да  му биде Наќе Чулев, поранешниот технички министер за внатрешни работи.

- Мислам дека ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Секој можен противкандидат кој може да направи за Кавадарци, би дозволил да има дискусија, не би именувал никој. Не мора да се каже дека ако некое име се врти сега (Наќе Чулев), не значи дека тој ќе е противкандидат за градоначалник. Јас не верувам дека има шанси ВМРО-ДПМНЕ да не ми ја даде довербата. Мислам дека партијата треба да се соедини, да направиме добри резултати на наредните Локални избори. Разликите во мислењето треба да го ставиме на страна, за доброто на граѓаните, вели Јанчев.

Поранешниот потпретседт на ВМРО-ДПМНЕ рече дека порано имал послаба комуникација со лидерот Христијан Мицкоски, но сега таа се интензивирала.

- Од раководството не сум слушнал да ме критикуваат дека сум одработувал за власта, никогаш не сум работел против партијата, во иднина сакаме нормализирање на соработката во сите општини, без разлика кој ќе е во централната или локалната власт,  тврди Јанчев.


Слично

Поврзани вести