Митко Јанчев како претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ закажа протест против Мицкоски
Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадараци, како претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ закажа протест против лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.
„Почитувани,
Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02.11.2020 година ( понеделник ) во 19 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ( Белата палата).
Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицковски“, објави поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук.
Инаку Ѓорѓија Сајкоски, новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, претходно како гостин во телевизија Алфа рече дека партијата нема да свикува вонреден конгрес.
Јанчев подолго време бара промени во раководењето на ВМРО-ДПМНЕ и е дел од движењето кое протестира против Мицкоски.
Слично
