Митко Јанчев: Договорот е добар, но секој нека прави како мисли
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во емисијата „Отворено“ на 24 Вести искажа став дека Спогодбата од Преспа е прифатлива, но дека нема никого да убедува како да постапува на денот на референдумот.
Во 24 Отворено од Кавадарци имаше трибина со првиот претседател на Собранието во независна Македонија, Стојан Андов, Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ, Аце Коцевски од СДСМ и бизнисменката Ирена Јакимовска...
Иако смета дока договорот со Грција не оди во прилог на граѓаните, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во емисијата Отворено, вели дека Македонија подобар договор не можела да добие. Иако проблем ќе биде промената на личните документи, спак за граѓаните придобивките се големи, доколку станеме член на НАТО.
- Мене лично не ми е лагодно и не се чувствувам добро, но најлесно е да бидеш радикален за да добиеш пполитички поени на таа карта. Тешко ми е да менувам лични документи и документи за фирмата за да го заменам името. Во договорот стои дека јазикот и територијалниот интегритет се загарантирани, но јас не повикувам никого што да прави, туку кажувам што е добро а што не - рече единствениот градоначалник на урбана локална самоуправа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Јанчев нагласи дека секој граѓанин треба да гласа по сопствено убедување и дека тој како градоначалник нема да укажува што и како треба да се прави, туку ги кажува штетните и позитивни последици од договорот.
