Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митко Чавков се побуни за амнестијата на пратениците, уставните судии не мислат така

Митко Чавков се побуни за амнестијата на пратениците, уставните судии не мислат така

Иницијативата за поведување постапка за оспорување на Законот за амнестија донесен од Парламентот за настаните од 27 април беше негативно пречекана од уставните судии. 

„Уставниот суд не може да се стави на местото на Собранието. Тоа има право за кој може, а за кој не може да има амнестија“, рече на денешната седница уставниот судија Владимир Стојановски, кој е судија известител.
А иницијативата беше поднесена од екс директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој за упадот во Собранието на 27 април беше осуден и доби казна затвор од 18 години. Со својата претставка Чавков ги оспори членот 1 и 2 од Законот за амнестија, бидејќи сметал дека со нив се повредени два члена од Уставот.

Судијата Осман Кадриу смета дека амнестијата е во надлежност на парламентот. „Дали во овој случај законот содржи дискриминација? Подносителот тврди дека не бил еднаков третманот за настанот кој е познат како крвавиот четврток. Амнестијата е акт на милост. Токму амнестијата е во надлежност само на Парламентот, а другите правни норми како помилување и аболиција се во надлежност на шефот на државата. Амнестијата се дава со закон кој го донесува Парламентот и не се дава на лица со име и презиме, туку групно и за конкретни кривични дела“, нагласи овој уставен судија.

Меѓу амнестираните за 27 април беа и петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, кои беа обвинети дека ги отвориле вратите и ги насочувале лицата со фантомки и другите граѓани кон пленарната сала и кон прес-центарот во Собранието на 27 април. Амнестија добија и водачите на протестите на „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, кои беа обвинети дека со своите говори ги повикале граѓаните да влезат во законодавниот дом.

Расправата на Уставниот суд е во тек, а конечната одлука ќе биде позната попладне по завршување на седницата.

Слично

Поврзани вести