Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митко Чавков дома до 21 ноември

Митко Чавков дома до 21 ноември

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, осуден на 18 години за тероризам по настаните на 27 април 2017 во Собранието, добил прекин на отслужување на казната и ќе седи дома до 21 ноември.

Од затворот од Штип велат дека прекин во отслужување на казната поради медицински причини, добиле шест лица. Двајца од нив, Александар Јаневски - Тошта и Јане Ченто им завршил прекинот и на 14 август се вратиле во затворот.

Според информациите што со РСЕ ги сподели Дејан Здравков, директор на штипскиот затвор, со судско решение прекинот во издржување на казната им е продолжен на Митко Чавков (до 21 ноември), на Митко Пешов (до 16 ноември), на Оливер Поповски (до 22 септември) и на Душко Лазаров (до 25 септември).

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов кон крајот на јули потпиша решенија за 30-дневен прекин на казната за дел од лицата осудени за 27 април, поради лекување.

„Јас потпишав над десет одобренија, не само за тие, туку и за други лица. Повеќе од половина од нив добија судски прекини на месец, два, некои и на три месеци. Секое едно барање што дојде беше поради акутен здравствен проблем - кој со кичма, кој со колено, кој со срце...Дел од тие луѓе имаат сериозно нарушено здравје поради престојот во притворското одделение во Шутка и нечовечките услови таму“, вели Пандов.

Од Кривичниот суд потврдија дека пет лица, осудени за настаните од 27 април, побарале од судот прекин на казната. Судот на тројца им дозволил прекин од по еден месец. За еден осуденик решението е во фаза на изготвување, а едно од барањата е одбиено заради некомплетна документација.



Слично

Поврзани вести