МИТИНЗИТЕ ПОЧНУВААТ: СДСМ во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид
СДСМ кампањата ја стартуваат со голем митинг во Битола, а претходно ќе бидат посетени уште два града во текот на денот.
На плоштадот „Магнолија“ вечерва СДСМ и коалицијата ќе одржат митинг кој ќе започне во 20.30 часот. Претходно митинзи ќе се одржат и во Демир Хисар, во 17:30 часот и Ресен во 19:30 часот.
ВМРО-ДПМНЕ традиционално својата изборна кампања ќе ја започне од Охрид каде вечерва ќе има митинг со мото „Новата ера почнува“. Митингот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Охрид, со почеток во 19 часот.
Слично
