МИТИНЗИ: Каде ќе бидат денеска коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?
Партиите и денеска продолжуваат со митинзи и средби со граѓани.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средба со граѓани во Чучер Сандево и митинзи во Шуто Оризари, Бутел и Ѓорче Петров.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Могила и Новаци и митинзи во Ресен и во Битола.
Кампањата ќе трае до 13 октомври, a почна на 25 септември.
Право на глас на 15 октомври ќе имаат 1.814.644 граѓани запишани во Избирачкиот список.
Слично
