Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митингаши патувајќи кон Гостивар демолирале наплатна рампа

Митингаши патувајќи кон Гостивар демолирале наплатна рампа

Голем инцидент се случил вчера откако група на симпатизери на политичка партија упатувајќи се на митинг демолирала наплатна рампа на патарина на автопатот Гостивар-Тетово и физички нападнале вработен на кој му нанеле телесни повреди. 

Според неофицијални информации станува збор за симпатизери на партијата за феорма на ДПА предводена од Зијадин Села, а главната причина за инцидентот е што одбиле да платат патарина по што се впуштиле во расправија која завршила со напад.

Тие ги  ги искршиле стаклата на кабината од наплатната рампа бр.5. По ова заминале, додека вработениот на патарината бил пренесен во тетовската клиничка болница каде бил задржан на лекување.


Слично

Поврзани вести