Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИТОВСКИ: ДОКУМЕНТОТ КОЈ ГО ОБЈАВИ ССМ Е ДОКАЗ ВО СУДСКА ПОСТАПКА ЗА МОБИНГ, објавата е кривично дело

МИТОВСКИ: ДОКУМЕНТОТ КОЈ ГО ОБЈАВИ ССМ Е ДОКАЗ ВО СУДСКА ПОСТАПКА ЗА МОБИНГ, објавата е кривично дело

По објавата на Сојузот на Синдикатите на Македонија и барањето до градоначалничката за смена на директорот на ЈП Водовод и канализација, Марјанчо Митовски со своја реакција се јави и првиот човек на јавното претпријатие. 

- Жалам што синдикалната борба и борбата за работнички права поради лични интереси на некои поединци се сведе на лична пресметка со мене, но морам да одговорам на обвинувањата кои претставниците на ССМ ги упатија кон мене. До овој момент против мене како директор на ЈП Водовод нема пристигнато ниту една пријава за мобинг. Доколку постои таква намера јас ги охрабрувам во оваа намера бидејќи и на мене како личност ми е во корист јавноста да ја дознае вистината. Што се однесува до наводните пресметки, распоредувања и откази веднаш сакам да потенцирам дека до овој момент ниту еден редовно вработен во ЈП Водовод и канализација не е избркан од работа - вели директорот Митовски. 

Тој дополнува дека има хоризонтални поместувања кои не се со решенија односно не се трајни, туку се времени задолженија поради реални потреби на претпријатието. Сепак Митовски потенцира дека „ниту се скратени платите на овие 10тина времено прераспределени, ниту се намалени бодови за плата, ниту пак се деградирани на било каков начин“. 

- Она што е точно е дека од нив се бара единствено да работат и да си ги извршуваат своите работни задачи за кои се платени. Она што исто така сакам да го прокоментирам, а за кое проструи информација во јавност е дека е точна информацијата дека на госпоѓата Лила Димовска и се скратени привилегиите како платено отсуство додека не е на работа 6 месеци, за кое не постои ниту еден друг таков пример во ова претпријатие. Морам да ги разјаснам манипулациите во врска со наводно бркање на десетици лица од водовод, кои мојот претходник ги ангажирал преку агенција за времени вработувања на кои по завршување на потребата за нивен ангажман истиот не беше продолжен бидејќи претпријатието нема потреба од нивните услуги - потенцираше директорот.

Тој исто така се осврна и на информациите дека се водат дисциплински постапки против 40 лица, и посочи дека тоа не е точно. 

- Постојат неколку дисциплински поради тешки повреди на работното место кои биле констатирани од внатрешната ревизија за кои следи постапка по службена должност. Ниту јас ниту било кој од ова претпријатие не превземал мерки против вработените на нивна штета. Јас во ова претпријатие работам 12 години и јас сум дел од овој колектив, и исто како и моите колеги носиме исти одговорности и исти права. Ги охрабрувам синдикалците максимално да го искористат своето право на штрајк да се борат за работничките права сега кога за тоа имаат можност бидејќи кога јас бев жртва на мобинг, кога моите права беа прекршени, ниту овој ниту било кој друг синдикат немаа можност да застанат на одбрана на моите работнички права ниту на моите колеги, бидејќи беа заплашувани, уценувани и замолчувани - кажа Митовски.

Директорот се осврна и на уште една значаен аспект од обраќањето на ССМ, и појасни дека документот кој синдикалците го објавија е доказ во судска постапка во која Миевски тужел за мобинг. 

- Лекарскиот записник кој денес Дарко Димовски сметаше дека е неопходно да го објави е доказ во судска постапка во која јас тужев за мобинг врз мене. Сакам да го информирам господинот Дарко Димовски дека со објава на докази дадени во судска постапка кои не се анонимизирани односно кои содржат лични податоци на инволвираните страни, Димовски изврши кривично дело по член 149 злоупотреба на лични податоци од Кривичниот законик на Република Македонија - кажа на крајот од обраќањето директорот Митовски. 

Фото: Принскрин/Видео - Фејсбук

Слично

Поврзани вести