Митева: Владата му предлага на Собранието да го разреши од функцијата јавниот обвинител Љупчо Коцевски
Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска изјави дека на седница е усвоен предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
Вели дека причините се јавно познати. Додава дека Коцевски направил крупни професионални грешки, неовластено изнесувал информации за судски предмети, го нарушил личниот и угледот на обвинителството.
„Беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што ја продолжуваме постапката која согласно законските ограничувања беше привремено стопирана во изборниот период. Причините за оваа иницијатива се јавно познати повеќепати до сега ги имаме образложено како Влада, доследно, транспарентно и во интерес на заштита на институционалниот интегритет и одговорност. Нашата цел останува недвосмислена. Јакнење на правната држава и обезбедување на непречено функционирање на органите во служба на граѓаните“, изјави Митева.
Вели дека како последици на сторените повреди сериозно е нарушен интегритетот нa oбвинителството.
„Владата му предлага на Собранието да го разреши од функцијата јавниот обвинител Љупчо Коцевски“, рече Митева.
Таа вели дека и граѓаните ова го поддржуваат и додаде дека судството има многу ниска доверба од само 2 отсто.
