Митева од ВМРО-ДПМНЕ го обвини Каевски за нови станови, тој најавува тужба
Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ на денешна прес-конференција го обвини пратеникот Дарко Каевски од СДСМ, инаку поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, дека во меѓувреме го зголемил имотот за 170 метри квадратни стамбена површина.
„Пратеникот од редовите на СДСМ и поранешен директор на АМС, Дарко Каевски, само во последната година го зголемил својот недвижен имот за скоро 170 метри квадратни станбена површина. Каевски во анкетниот лист, навел дека новостекнатиот недвижен имот е стекнат по пат на наследство, исто како и претходните недвижнини. Неговиот имот брои три стана, куќа и деловен простор.
Дали ова е начин да се сoкрие вредноста на стекнатиот имот поради што би се отвориле прашања како и на кој начин е стекнат имотот? Како со државна плата се обезбедува волкав имот и колку време му е потребно на работник со просечна плата да го обезбеди ова ниво на стекнат имот?е поставува прашањето на кој начин ги стекнавте средствата за купување на овие недвижнини и дали при тоа купување имаат улога финансии стекнати преку вршење на услуги кон државата? Јавноста очекува одговори. Дали е ова начин на кои се добива наградата на сметка на државата? Дали СДСМ од носителите на јавни функции создава млади политичари со големи сметки?“, рече Митева.
На ова Каевски возврати на Фејсбук со закана дека Митева ќе добие тужба и со демант за начинот на кој е стекнат имото. Тој категорично негира дека имото не е стекнат за време на наведениот период.
„Невистини и дезинформации од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго, овој пат за мене. Колку се очајни што немаат друго што да им понудат на граѓаните, на народот, освен лажни вести и лаги. Ниту после 6 изборни порази никако да ја научат лекцијата дека со лаги, со невистини не може, не бива.
Имено денес имаа прес конференција на кој кажуваа невистини за имот кој што го поседувам заеднички со моето семејство и истиот е уредно пријавен во мојот анкетен лист. Во пресот лажно ме обвинуваат дека имотот е стекнат овие години од кога јас имам државна функција, за што целосно ги демантирам со фотографии од имотните листови и договорите кога сето ова е стекнато.
Во целост ги демантирам објавените невистини на Марија Митева и најавувам тужба доколку не се извини јавно во рок од 24 саати“, напиша Каевски.
