МИТЕВА: Направени се 116 вонредни надзори, изречени се забрани
Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес-конференција изјави дека се направени 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност.
Од нив за 10 е изречена привремена забрана, а 15 од 23 коишто имаат активна лиценца не исполнуваат минимално-технички услови, ќе имаат забрана за вршење на дејност и предлог за одземање на лиценца. Издадени се 59 прекршочни платни налози по други основи. Кај 6 правни субјекти кои немаат активна лиценца или им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана на вршење на дејност. Издадени се 59 прекршочни платни налози во износ од 522.690,00 денари и по други основи од Законот за угостителска дејност (тие други основи се однесуваат на непочитување на нормативи заверени кај грагоначалник, одобренија за тераси, не истакнат број на ДПИ итн.
„Во координација со МВР, овие денови ДПИ почнува со инспекции во објектите за прослави“, рече Митева.
Таа кажа дека бројките бараат решително однесување.
