МИТЕВА: Државните институции и приватниот сектор во Кочани да ги ослободат вработените
Утре е неработен ден за државните институции во Кочани, a Владата препорачува да не работи и приватниот сектор.
Портпаролката на Владата, Марија Митева вечерва информираше за заклучоците од вонредната седница на Владата што се одржа попладнево.
Таа изјави дека се донесени четири заклучоци во врска со одлуката за определување денови на жалост и погребот на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што ќе се одржи утре.
„Се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и работодавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа и работни обврски сите вработени на подрачјето на Кочани, а здравствените, образовните и установите за згрижување и воспитување на децата, се мисли на градинките, да организираат вршење услуги согласно потребите. Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги преземе потребните безбедносни и сообраќајни мерки. Се задолжува Министерството за здравство во соработка со Центарот за управување со кризи да обезбеди амбулантни возила. Територијалната противпожарна единица Кочани да ги преземе мерките и активностите согласно своите надлежности“, вели Митева.
Таа потсети дека за новинарите има протокол. Во неделата во пожар во дискотеката Пулс во Кочанин загинаа 59 луѓе.
фото принтскрин
