Мистериозно убиство во Тетово,Обвинителството нареди обдукција
Основното јавно обвинителство Тетово издаде наредба за обдукција на безживотното тело на 42-годишниот маж, што вчера беше пронајдено во автомобил во Тетовско.
Во попладневните часови вчера, околу 16 часот, тетовската полиција пронајде безживно тело на 42-годишен жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга.
Тој последен пат бил виден вчера околу 18 часот кога излегол од дома со патничко возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблички и не одговарал на телефонските повици.
Телото на мажот беше пронајдено вчера од тетовската полиција во автомобил „ауди“ паркиран во нива во атарот на селото Нераште. На стаклото од страната на возачот имало отвор од испукан проектил, а безживотното тело на мажот било облеано со крв во пределот на главата.
Од Обвинителството информираат дека на местото е извршен увид, а издадена е и наредба за подигнување на возилото и други траги од местото на несреќата, над кои ќе се врши вештачење. Дополнително, како што соопштија оттаму, дадена е наредба за обезбедување снимки од камери за видеонадзор, како и насоки за откривање на сторителите поради сомненијата дека смртта кај 42-годишникот е резултат на кривично дело.
Пред да биде пронајден од тетовската полиција, мажот бил пријавен за исчезнат од својата сопруга.
