Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мистериозни 20-мина: Мицкоски кажа дека имаат имиња за пожарите, МВР не ги кажува деталите

Мистериозни 20-мина: Мицкоски кажа дека имаат имиња за пожарите, МВР не ги кажува деталите

„Идентификувани се отприлика 20-тина лица за кои постојат сомневања дека стојат зад овој процес“ - Ова беше вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Јегуновце, прашан за пожарите и за неговите ставови дека зад нив стојат центри на моќ во и надвор од Македонија. 

Фактор вчера испрати прашања до Министерството за внатрешни работи, кои се деталите за овие лица кои ги наведе премиерот Мицкоски, како дејствувале, дали се повикани на распит и дали ќе биде поднесена кривична пријава против нив. Одговор не добивме. 

Нема информации ниту дали меѓу овие дваесетмина се и оние лица кои министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ги спомена како потпалувачи на Вардариште, а кои живеат во дивата депонија. За пожарот во депонијата Дрисла пак, засега нема приведени, иако власта цело време посочува дека некој намерно ја палел депонијата. 

Во притвор пак, остануваат четворица за пожарот во Трубарево, но не како потпалувачи, туку за постапката за загрозување на животна средина со отпад. Таму денеска почнува увидот на Обвинителството, а вчера, полицијата прибираше докази.

Бројот на досега приведени за пожарите кои дивееја низ Македонија летово е над 20 лица: Во јули, Тошковски кажа дека за дел од нив има основани сомненија дека се организирана група, додека пак дел беа и малолетници.

Александар Тодески

Слично

Поврзани вести