Мистериозната Ивана се гоштева по ресторани на сметка на општина Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров информира дека извесна Ивана во име на Општината и во име на градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавувала и се појавувала во угостителски објекти и нарачувала храна и пијалаци, наводно за општината и за градоначалникот, објави Телма.
– Лицето по извршената нарачка бара фактурите за испорачаната услуга да гласат и да им бидат доставени на фирми кои соработуваат со Општина Ѓорче Петров. За фирмите доставува потребни податоци за изготвување на фактура – нагласуваат од општината.
Оттаму додаваат дека се преземени дејствија од страна на Општина Ѓорче Петров во однос на прибирање на сите докази и пријавување на случајот до надлежните органи.
Слично
