Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мистериозен инвеститор потроши стотици милиони долари за биткоини

Мистериозен инвеститор потроши стотици милиони долари за биткоини

Биткоинот очигледно е на добар пат да направи голем камбек бидејќи мистериозен инвеститор потроши неверојатни 344 милиони американски долари во биткоин и останати дигитални крипто-валути, правејќи ја една од најголемите поединечни трнсакции на пазарот на дигитални средства во последно време по надминување на малата криза на почетокот на месецов. 

Интересно е што купувањето на биткоини од еден моќен инвеститор доаѓа во период кога цената на оваа криптовалута значително паѓаше и многумина кои располагаа со ваков вид на средства решија да се ослободат од нив. 

Биткоинот достигна пад на вредноста од рекордите кои ги рушеше, но сега повторно има стабилен раст и од најниската точка од 6000 долари сега има просечна цена од околу 11.500 долари. 

Криптовалутите нема така лесно да исчезнат од пазарот и барем додека не се официјално вклучени во редовната економија, барем се интересни и возбудливи средства да се следат на пазарите на капитал каде се случуваат неверојатни подеми и падови.

Слично

Поврзани вести