Мистеријата на луксузниот пентхаус на Тито: 19 години празен, вреден милиони
Јосип Броз Тито во текот на својот живот располагал со бројни недвижности ширум светот, но ниту една не предизвикала толкава мистерија како неговиот луксузен стан во Њујорк. Оваа некогаш престижна недвижност на Парк авенија со години беше предмет на шпекулации и медиумско внимание.
Станува збор за простран пентхаус кој бил во сопственост на поранешна Југославија, а во 2018 година бил продаден на анонимен купувач за околу 12 милиони долари, иако претходно се проценувал на дури 20 милиони долари. По распадот на државата, имотот го изгубил јасниот сопственички статус, што дополнително ја усложнило неговата судбина.
Интересно е што овој дуплекс со шест спални соби дури 19 години стоел целосно празен. Поради долгогодишното запоставување, ентериерот значително пропаднал, што го потврдуваат и фотографии објавени од „New York Post“.
А некогаш станот бил симбол на врвен луксуз – со површина од околу 418 квадратни метри, со библиотека, простории за персонал, богата дрвена декорација, камини, пијано, скапи теписи и бројни антиквитети.
Со текот на времето се појавиле и тврдења дека Тито го користел овој стан како „безбедносно засолниште“, по наводен обид за атентат за време на негов престој во хотелот „Валдорф Асторија“.
Пред да биде продаден, интерес за пентхаусот покажале и светски познати имиња како Роберт де Ниро и Џек Николсон, што дополнително ја зголеми легендата околу овој необичен имот.
Here are two images of President Josip Broz Tito's New York City penthouse apartment at 730 Park Ave. Bought in 1975 for $100k, it sat vacant after the fall of Yugoslavia until the Serbian gov't finally sold it in 2018 for $12mil, with the money split btwn the former republics pic.twitter.com/kHtZItQitL
— Spomenik Database (@SpomenikDatabse) January 24, 2020
