Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мисовски од Крушево: Веруваме во европската перспектива на нашата земја

Мисовски од Крушево: Веруваме во европската перспектива на нашата земја

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски денеска во Крушево изјави дека сме исправени пред опасноста Ковид -19, кој е тежок предизвик за здравствениот систем. 

Вели дека од сето ова ќе излеземе со повеќе искуство, и со вредност, а тоа е солидарноста. 

Им се заблагодари на здравствените работници, за нивната посветеност, хуманост и солидарност. 

„Работевме напорно за да бидеме дел од НАТО сојузот, да изградиме стабилна, силна и економски просперитетна Македонија. Да се биде под чадорот на НАТО значи колективна безбедност, значи „сите за еден, еден за сите“, вели тој. 

Мисовски кажа дека Македонија иако е мала земја по територија, стана пример во регионот. 

„Веруваме во европската перспектива на нашата земја“, рече тој, и додаде дека ни се потребни функционални институции. 

Упати апел да се исполнат ветувањата дадени кон граѓаните. 

Во Крушево група граѓани извикуваше „Никогаш северна, само Македонија“ додека делегации положуваа цвеќе. 

Слично

Поврзани вести