Мисоски вели дека Талат Џафери е најдобар собраниски спикер досега
Потпретседателот на Собранието, Горан Мисоски од НСДП, вели дека Талат Џафери е најдобар претседател на Собранието досега.
Како политичка пресметка ја коментира аудио снимката од која се слуша како Џафери вика, пцуе и ги навредува собраниските службеници.
Осуда или коментар за однесувањето на собранискиот спикер, деновиве немаше ниту од останатите коалициони партнери во власта. Наредната недела на собраниска комисија пратениците ќе расправаат за навредите кои кон вработени во Собранието ги упати спикерот. Џафери молчи за снимката. ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа одговорност.
Слично
