Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИСЛАТ ДЕКА ВЕЧНО ЌЕ БИДЕМЕ ОСУДЕНИ - НЕМА!: Груевски по вчерашното рочиште

МИСЛАТ ДЕКА ВЕЧНО ЌЕ БИДЕМЕ ОСУДЕНИ - НЕМА!: Груевски по вчерашното рочиште

Заев ќе прифаќа бегалци од Авганистан за да се спасат од Талибанците и талибанскиот суд, а создаде талибанско правосудство во Македонија кое целосно го контролира за случаите кои му се важни и кое обвинува и осудува по негова нарачка, вели поранешниот премиер и осуденик во Македонија, Никола Груевски. Неговата реакција е по судското рочиште вчера на кое својата одбрана во случајот Плацеви на Водно во кој е осомничен ја дадоа бизнисменот Јордан Камчев и поранешниот шегф на УБК Сашо Мијалков.

„Ако кај Талибанците е доволно да те осудат затоа што си бил нивен противник, не е ништо поразлично и во Македонија по доаѓањето на Заев и СДСМ на власт. Не им требаат ни реални докази, ни реални сведоци, ни сторено кривично дело. Откако ќе падне наредбата од промоторот на концептот ’живи луѓе има да јадеме кога ќе дојдеме на власт’, сѐ се фабрикува, потоа сите се прават глуви и слепи, секој во системот гледа да не настрада и се тече по издадената наредба, пишува Груевски па ги набројува случаите з акои тврди дека е Заев имал влијание како преметите за 27 април, „Тенк“, „шамарите во Центар“, случајот со Сеад Кочан...

За овој случај вели дека нема елементарни докази, а го обвинувале дека купил и продал земја, кои всушност ги изнајмувал. 

Тој на крај се заканува до оваа власт.

„Во Авганистан по 20 години дојдоа на власт Талибанците и нивните судови кои судат по нивни правила и нарачки. Во Македонија петта година имаме талибанско правосудство под контрола на Зоран Заев во кое неподобните судии се разрешуваат со образложение дека се прави некаков ветинг. И премиер, и министри, и лажни и уценети сведоци, кој мислат дека вечно ќе биде вака како што е сега. Дека ние ќе бидеме толку многу години осудени и уништени, што тие вечно ќе се мирни, спокојни и среќни. Нема да биде така!!! пишува тој.

Слично

Поврзани вести