Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИСАЈЛОВСКИ ЗА МИРОВНИЦИТЕ ВО ЛИБАН: Во случај на загрозување на нивните животи ќе реагираме

МИСАЈЛОВСКИ ЗА МИРОВНИЦИТЕ ВО ЛИБАН:  Во случај на загрозување на нивните животи ќе реагираме

Тројцата наши мировници нема да бидат повлечени од Либан, во моментов се добро, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски.  Сепак, објаснува дека на Блискиот Исток е тензично. 

„Но, во случај на загрозување на нивните животи или слична состојба „ќе реагираме и ќе алармираме“, објасни министерот за одбрана, во Дневникот на ТВ Сител.

Тројцата офицери на македонската армија кои се дел од мировната мисијата на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) се чувствуваат добро.

Тие функционираат како што треба под италијанска команда. 

Вчера 34 земји кои се дел од мисијата на Обединетите нации во Либан потпишаа заедничка изјава со која ја реафирмираат потребата од заштита на мировниците на УНИФИЛ и со која ги осудуваат најновите напади врз нив. 

Израелската армија вчера издаде наредба за евакуација на жителите на 23 села во јужниот дел на Либан поради зголемената активност на Хезболах. Тоа  ја загрозува безбедноста на локалното население. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести