Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мисајловски: Најголем успех за СДСМ во инфраструктурата е да организира чочек

Мисајловски: Најголем успех за СДСМ во инфраструктурата е да организира чочек

Сугаревски без срам изјавува дека владата на СДСМ не ветила изградба на 600 километри автопат, иако тоа им беше најважното ветување на изборите, обвинува денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Мисајловски посочува дека политиките на владата на Заев и СДСМ доживуваат фијаско 

„Највисок дострел за оваа власт во сферата на инфраструктурата ќе биде да се организира чочек.  Министерот за транспорт и врски, Сугаревски без срам пред неколку дена изјавува дека тие не ветиле дека ќе изградат 600 километри автопат, а тоа им беше еден од најважните ветувања во изборите. Заев во 2016 година вели дека со планот за живот испланирале 600 километри автопат. Тоа го ставиле на хартија како партиска програма, па го преточиле како програма на владата, која Сугаревски потоа ја читаше, а сега соочени со својата неспособност и незнаење да излезат и да ја убедуваат јавноста дека таква работа никогаш не е ветена“, вели Мисајловски.


Слично

Поврзани вести