Мисајловски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот триумфираше, имаме разлика од 50.000 гласа
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот триумфираше на локалните избори, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Додава дека ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50.000 гласа разлика.
„Залудни беа притисоците, поткупот, заплашувањата. Народот победи. Победи Македонија. Промените во Македонија се неминовни, затоа што Македонија ги победи поделбите, криминалот и безидејноста која ги создава власта на Зоран Заев. Тоа не го покажува само бројот на градоначалници кои се освоени во првиот круг и бројот на кандидати кои одат со водство во вториот круг, туку тоа го покажува и бројот на гласови освоени на советничките листи на ниво на државата. Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ под реден број 7, споредено со листата на советници на коалицијата предводена од СДСМ е над 50 илјади гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мисајловски.
Во Македонија вчера се одржаа седмите по ред локални избори.
