Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мисајловски: Ќе го направам Ѓорче Петров поубаво место за живеење

Мисајловски: Ќе го направам Ѓорче Петров поубаво место за живеење

Поранешниот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров на претстојните избори закажани за 15 октомври.

По тој повод, Мисајловски се на Фејсбук им се обрати на граѓаните. 

„Ви ветувам и ве уверувам дека максимално ќе се заложам и ќе дадам сè од себе, ќе ги употребам сета моја енергија, искуство, знаење и умеење да го направам нашето Ѓорче уште поубаво, посреќно, попросперитетно… односно подобро место за живеење. Нови проекти, објекти, инфраструктура… за доброто на секое маало, секоја уличка, сокак, секоја куќа, благосостојба на секое семејство, просперитет на секоја единка… за сите мои другари, пријатели, роднини, соседи, познати и непознати, на сите мои драги сограѓани, нивните семејства, деца, внуци… од моето, од нашето заедничко Ѓорче“- напиша Мисајловски на „Фејсбук“.

Тој вети дека максимално ќе се заложи и дека ќе даде сè од себе за да го направи Ѓорче Петров поубаво и подобро место за живеење.

Слично

Поврзани вести