Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мисајловски беше на средби во Пентагон - за што разговараа?

Мисајловски беше на средби во Пентагон - за што разговараа?

Mинистерот за одбрана Владо Мисајловски оствари значајни средби во Пентагон.

Мисајловски се сретна со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман, при што е потврдено дека стратешкото партнерство и билатералната соработка во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. На средбата беше нагласена заедничката определба за понатамошно продлабочување на соработката, со цел зајакнување на регионалната и глобалната безбедност.

Воедно, министерот изрази благодарност за континуираната поддршка од САД која е исклучително значајна во процесот на модернизација на македонската Армијата и развојот на интероперабилноста со сојузниците во НАТО.

Во Пентагон, министерот Мисајловски оствари средба и со директорот на Агенцијата за безбедносна соработка на САД, Мајк Милер, на која беше истакната важноста за инвестирање во одбранбените капацитети како предуслов за долгорочен развој на  безбедноста.

На средбата беа разгледани тековните и идните програми за поддршка преку кои САД обезбедуваат финансиска и техничка помош за сојузничките земји, при што беше потврдена успешната досегашна соработка.

Слично

Поврзани вести