Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мирослав Грчев кажа кои споменици во Скопје треба да се урнат

Мирослав Грчев кажа кои споменици во Скопје треба да се урнат

Архитектот Мирослав Грчев синоќа во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека „Порта Македонија“ и спомен-куќата на „Мајка Тереза“ треба да се урнат, а спомениците на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје треба да се дислоцираат.

Вели дека рушењето на двата објекти е неопходно затоа што се противзаконски и се подигнати на улица. 

Спорно е и тоа што, имаме прекршување на Уставот, вели тој, конкретно со „Мајка Тереза“ затоа што таа идеја дојде од Никола Груевски како премиер, а е строго забрането централната власт да се меша во уредување на град, нешто што е надлежност на локалната самоуправа.

Рушењето, според архитектот, ќе чини многу малку пари во споредба со сумата што е фрлена за изградба.

Грчев е дел од работната група за проектот „Скопје 2014“. 

Слично

Поврзани вести