Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мирно се гласа во Источна Македонија - Пехчево со висока излезност

Мирно се гласа во Источна Македонија - Пехчево со висока излезност

Изборниот процес во Источна Македонија се одвива мирно и демократски. 

Во Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица изборниот процес се одвива мирно и без проблеми. Ова го соопштија од Општинските изборни комисии од овие градови. 

Во Пехчево гласале 1.766 лица или 41,15%, додека во Македонска Каменица до 13 часот гласале 2.634 избирачи или 39%. 

Во Делчево до 13 часот гласале 36% од запишаните гласачи или 5.370 лица, а во Берово правото на глас до 13 часот го оствариле 39,5% или 4.373 гласачи. 

Слично

Поврзани вести