Мирна новогодишна ноќ, на Токсикологија завршиле 10 луѓе
Мирна новогодишна ноќ имале здравствените работници.
„Две машки деца во една минута по полноќ, а само една минута подоцна родено е и првото женско дете во 2021 година“, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
На Токсикологија завршиле 10 луѓе, што е намалување на бројот од минатите години. Дури шест од нив се малолетници, а речиси сите, освен еден пациент се на возраст од 16 до 22 години. Половина биле мажи, а половина жени.
Слично
