Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА: Кецарошите да знаат - пратеникот одлучува по сопствено уверување, а не по диктат на партијата

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА: Кецарошите да знаат - пратеникот одлучува по сопствено уверување, а не по диктат на партијата

Професорката Мирјана Најчевска објаснува дека секој пратеник во Собранието треба да гласа по сопствено убедување, а не по диктат на партијата на која и припаѓа. 
Ова се однесува на случајот со пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој не го даде својот глас на денот на гласањето недоверба на Владата, бидејќи, како што рече, не сакал да и пресуди на европската иднина на државата, а за која од релевантни странски извори добил сигнали дека на 14 декември ќе го добиеме датумот за старт на преговори со ЕУ.
Пратеничката Најчевска вели дека според членот 62 од Уставот, пратеникот ги претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое уверување.

„Не пишува дека гласа по диктат на партијата на која и припаѓа. Не пишува дека гласа според решение на Централниот одбор на партијата.

Значи, ве молам престанете да наседнувате на финтите на кецарошите од сите фели и да го прогласувате Собранието за нефункционално.

Собранието има 120 пратеници кои се избрани од граѓаните со претпоставка дека секој од нив има барем грам мозок во главата и ги застапува тие кои го избрале“, пишува Најчевска на својот фејсбук профил. 



Слично

Поврзани вести