Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ ШИРУМ ЗЕМЈАВА: Каде беше најстудено утрово?

МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ ШИРУМ ЗЕМЈАВА: Каде беше најстудено утрово?

Ширум земјава утринава беа измерени минусни температури.

Живата на термометарот најстудено утро забележа во Маврово каде што беа измерени -12 Целзиусови степени. 

Лазарополе и Крушево осамнаа со температури од - 9 степени. Истокот или Берово измери -5 степени-4 Дебар, Прилеп и Претор, -3 Битола, Куманово и Охрид.

Во Скопје, Штип, Тетово и Виница минусот достигна -2 додека, нешто потопло или 0 степени се измерени во Дојран и 1 во Гевгелија.

За денеска меторолозите најавија разведрување, а сонцето и покрај студот располжи многу лица.

Максималната температура денеска ќе се движи помеѓу 2°С и 5°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 5°С .

Скопскиот регион ќе има највисока дневна вредност околу 2°С, затоа каде и да одите од дома не излегувајте без топла облека.

Слично

Поврзани вести