Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миновски го пофали Централниот регистар за подобрената бизнис клима

Миновски го пофали Централниот регистар за подобрената бизнис клима

Министерот за финансии Кирил Миновски кога не го брани буџетот пред пратениците времето го користи за посета на Централниот регистар со цел да им упати серија на пофалби за нивната улога во подобрување на бизнис климите и забрзаните процедури за регистрација и добивање на сопственички акти за правните лица.

Воспоставувањето на двата нови регистри за обезбедени трансакции и функционирањето на проектот „Тендерско досие“ биле главни теми на разговор при денешната посета на министерот за финансии Кирил Миноски на Централниот регистар на Република Македонија.

Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, кој детално го брифирал министерот за реализираните и тековните проекти што произлегуваат од програмата на Владата, нагласил досегашната плодна соработка со Министерството за финансии како клучен фактор за спроведување на реформите и унапредување на процесите опфатени во делокругот на работа на Централниот регистар.

Слично

Поврзани вести