МИНОВ БИЛ НОСИТЕЛ НА СОВЕТНИЧКА ЛИСТА: Се чека на ДИК, што понатаму
Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025 Панчо Минов. Тој беше роден на 21 август 1958 година во Кавадарци.
Од Општинската изборна комисија Кавадарци информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија.
- Утрово добивме потврдена информација. Починал Панчо Минов. Сега ние ќе известиме до Државна изборна комисија, има законски пропишана постапка, во случај на смрт на еден од кандидатите, особено носител на советничка листа. Мислам дека не се отштампани уште ливчињата. Натаму, ќе ни кажат што, како да постапиме. Ваков случај првпат сега имаме, рече Емилија Петровска, претседател на ОИК.
По неговата смрт, нов носител на независна листа кандидати за советници на претстојните локални избори, е неговата ќерка Лимба Минова Златевска, потврдуваат од општинска изборна комисија Кавадарци.
Почина Панчо Минов, поранешниот пратеник и градоначалник на Кавадарци.
